Лиценцирани соработници

Лиценцирани соработници со кои работиме при собирање, складирање, транспорт и постапување со текстилниот отпад:

  1. ТО-КАНТАлиценциран транспортер за неопасен отпад – собирање и превоз на собраниот текстилен отпад од контејнерите на Тексомак.

Откако отпадот ќе се собере се пренесува во:

2. ЕКОЦЕНТАР97 – водечка компанија за управување со отпад во Македонија која нуди сеопфатно решение за преземање и управување со опасен и неопасен отпад.

Примарна дејност на компанијата е собирање, селекција, примарна преработка и транспорт на секундарни суровини, вклучувајќи необоени и обоени метали. Во соработка со долгогодишни партнери од Германија и од Италија, од почетокот до денес Екоцентар 97 обезбедува извоз на најголем дел од преземените отпадни материјали.

Екоцентар97 го селектира собраниот текстилен отпад и од домаќинствата.  Она што е оштетено премногу или во состојба која не може да се реупотреби или облече, Екоцентар 97 го предава на:

3. ЦЕМЕНТАРА – Намалувањето, повторната употреба и рециклирањето на суровините, енергијата и отпадот, се клучни елементи во заложбите и политиката за ефикасно управување со заштитата на животната средина на Групацијата ТИТАН, а со тоа и на ТИТАН УСЈЕ.