На 11 ноември, нашиот караван за подигнување на свеста за рециклирање на текстилниот отпад ја посети Општина Новаци каде што имавме топол прием и одличен фидбек од луѓето што си ја сакаат и се грижат за животната средина. Во контејнерите што беа поставени пред Општината, граѓаните имаа можност да се ослободат од своите стари перници и други непотребни текстилни материјали, а во замена за нив да добијат попуст за набавка на нови. Најважниот заклучок од ова наше патување е: учиме за важноста на личниот придонес кон создавање на заедничка, здрава и чиста околина! Продложуваме заедно со сите вас – еден за сите, а сите за рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад!