Постoи начин да покажеме љубезност кон нашата планета.
Селектирај текстилни производи!
Мисија
Мисијата на ТЕКСОМАК е да го собира селектираниот текстилен отпад од идустријата и граѓаните на Македонија преку создавање на инфраструктура, едукација и соработка со сите чинители на текстилниот вредносен синџир со што ќе придонесе за зачувување на здравата животна средина.
Визија
Да ја намали количината на текстилен отпад во Македонија преку промовирање на индивидуална и општествена одговорност и едуцикација за собирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.
Previous slide
Next slide
Постoи начин да покажеме љубезност кон нашата планета.
Селектирај текстилни производи!
Визија
Да ја намали количината на текстилен отпад во Македонија преку промовирање на индивидуална и општествена одговорност и едуцикација за собирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.

За Нас

ТЕКСОМАК ДОО Скопје, е основан на 26.12.2023 година и се здоби со дозвола за постапување со текстилен отпад издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање. ТЕКСОМАК е компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад.

ТЕКСОМАК е отворена за соработка со сите компании кои имаат законска обврска да воспостават систем за управување со текстилниот отпад (производители и увозници на текстилни производи). ТЕКСОМАК е компанија со основна дејност управување со текстилен отпад според начелото „загадувачот плаќа” и во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови со цел да се исполнат националните еколошки цели.

Во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови, кој влезе во сила на 17.09.2021 година, сите компании што произведуваат или увезуваат текстилни производии ги пласираат на македонски пазар, имаат обврска  да организираат систем што ќе го собира, селектира и рециклира нивниот текстилен отпад што настанува по консумирање на нивните производи од страна на крајните потрошувачи.

Обврската не се однесува само на производителот кој пуштил  на македонски пазар или увезол во Република Северна Македонија помалку или 10 кг. текстил годишно согласно членот 20 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

Мисијата на ТЕКСОМАК е да го собира селектираниот текстилен отпад од идустријата и граѓаните на Македонија преку создавање на инфраструктура, едукација и соработка со сите чинители на текстилниот вредносен синџир со што ќе придонесе за зачувување на здравата животна средина.

Визијата на ТЕКСОМАК е да ја намали количината на текстилен отпад во Македонија преку промовирање на индивидуална и општествена одговорност и едукација за собирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.

Обврски на Тексомак

Главна обврска е да се воспостави систем за управување на текстилниот отпад во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во РСМ, како и со меѓународните стандарди. 

Со собраните финансиски средства ТЕКСОМАК ќе: 

субвенционира лиценцирани компании кои вршат селекција, собирање и транспорт на текстилен отпад. Со ова текстилниот отпад ќе биде подготвен за реупотреба, рециклирање, создавање иновативни производи и енергетска вредност.

инвестира во инфраструктура - поставување на соодветни контенјери за селекција на текстилниот отпад и текстилните производи. 

организира едукативни кампањи во училиштата со цел вградување на културен и еколошки менталитет кај децата од рана возраст.

организира медиумски кампањи за мотивирање и информирање на граѓаните за важноста на правилната селекција на текстилот и текстилниот отпад, како и подигнување на свесноста за вреденоста на овој ресурс. 

соработува со сите општини на територијата на РСМ со што ќе придонесе за зачувување на животна средина и здравјето на граѓаните.

Обврски на договорните производители

Според законот, компанијата која има склучено Договор со колективен постапувач  има обврска да изготви и да достави до колективниот постапувач:

Ценовник

Законска регулатива

Отпадот претставува глобален проблем кој има сериозни импликации врз економијата, животната средина и врз севкупното живеење. Традиционалната економија која е базирана на принципот: земи, направи, употреби, фрли и загади, e модел кој го напуштаат многу земји и го заменуваат со новиот регенеративен пристап наречен циркуларна економија, затворен кружен процес кој во секоја фаза се грижи за отпадот кој треба да се намали, да се рециклира и да се реупотреби.

Од 1 јануари 2024 година во сила стапува Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила, што треба да се исполнат при производството на текстил, гуми, масла и возила и собирање, повторна употреба, третман, преработка и отстранување на отпадот кој се создава од нив во тек на нивниот животен век, како и другите прашања поврзани со постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила од страна на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во производство и постапувањето со истите.

Основни цели на овој закон се:

Законот носи големи промени во практичното постапување со отпадот и наметнува сериозни обврски за производителите, за потрошувачите и за локалните власти, предвидува спречување на создавање на текстилен отпад, горење на истиот и преземање на отпаден текстил и гума од трговец. Законот предвидува и обврски на градоначалникот, како и „Крајниот корисник, кој создава отпаден текстил е должен создадениот отпаден текстил да го собира и чува одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да го предаде на трговец, собирач на отпадни производи или во собирен центар или други локации“. 

Беџ за верификуван одговорен текстилен прозиводител

Регистрирајте се, пријавувајте текстилен отпад секој месец и добијте бесплатен беџ за верификувани одговорни текстили произведители/увезувачи!

Соработка со општини

Соработка помеѓу ТЕКСОМАК и општините на проекти од взаемен интерес со цел обезбедување собирни места за оставање текстилен отпад, активности и едукација на крајните корисници и јавноста за постапувањето со текстилниот отпад.

Новости

Најчесто поставувани
прашања

Да, доколку сте прв увозник на готовите текстилни производи и ги пласирате на МКД пазар оваа законска обврска се однесува на Вас, согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад Член 2  Примена на законот став 1 и Законот за управување со дополнителни текови на отпад Член 5 Примена на законот 

„Производител” е секое физичко или правно лице кое без оглед на начинот на кој врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите:

– произведува производи од членот 5 став (1) од Законот за управување со дополнителни текови на отпад и за прв пат ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезува во Република Северна Македонија и прв пат ги пушта на пазарот производите од членот 5 став (1) од Законот за управување со дополнителни текови на отпад,

– како краен корисник, за свои потреби, увезува производи од членот 5 став (1) од Законот за управување со дополнителни текови на отпад без посредник,

– на професионална основа увезува употребувани производи од членот 5 став (1) од Законот за управување со дополнителни текови на отпад и за прв пат ги пушта во Република Северна Македонија

 – е основано во друга земја и продава со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во Република Северна Македонија производи од членот 5 став (1) од Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

Согласно  Законот за управување со дополнителни текови на отпад Член 19  Регистар на производители.

До Министерство за животна средина и просторно планирање се доставуваат следните документи:

-барање за регистрација (истото треба да се потполни со податоци од фирмата, а во точка 8.4 да се наведат по категоризација и во кг количините на текстилни производи кои Вашата фирма ги пуштила на МК пазар во 2023.

– тековна состојба

– уплатница од 50 денари

– договор со Колективен постапувач за текстилен отпад.

->ДОКУМЕНТИ

->РЕГИСТРАЦИЈА

„Колективен постапувач“ е непрофитно правно лице, основано од најмалку два производители, кое поседува дозвола за колективен постапувач за управување со посебен тек на отпад издадена од стручниот орган согласно со одредбите од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, како и прописот кој го уредува управувањето со тој тек на отпад и кое во име на производителите, кои се членови или основачи на колективниот постапувач, за определен надоместок, ги презема нивните обврски за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад. Колективниот постапувач во своето работење при управувањето со посебните текови на отпад ги применува одредбите од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, како и одредбите од прописите за управување со отпад и прописите запосебните текови на отпад.

Субјектите кои управуваат со отпад се должни да поседуваат дозвола за управување со отпад доколку:

1) собираат и транспортираат отпад;

2) складираат отпад или

3) преработуваат или рециклираат отпад во стационарни или мобилни постројки.

Колективниот постапувач за текстилен отпад има лиценца за колективен постапувач и не смее да поседува друга дозвола од погоре наведените.

Извештајот се изготвува за текстилни производи кои се пласираат на македонски пазар. Извештајот е законски пропишан образец, во кој се внесуваат количи во парчиња и килограми по видови на текстилни производи.

Извештајот се изготвува на месечно ниво.

Доставувањето на извештајот до Колективниот постапувач може да се изврши на месец или  еден квартал.

Извештаите се доставуваат најдоцна до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец/квартал

Производителот кој пушта на пазарот во Република Северна Македонија производи од членот 5 став (1) од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, е должен да плати надоместок за управување со отпадни производи. Согласно Член 23 Надоместок од Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

Надоместокот кај текстилтите производи се пресметува во парчиња и м2, кои се пуштени на  македонски пазар, врз основа на извештајот кој го доставил текстилниот производител.

Надоместот е еднаков за сите договорни производители.