Соработка со општини
Согласно одредбите од член 42 став 4 од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови за отпад „Службен весник на РСМ“ број 215/21 и член 52 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад „Службен весник на РСМ“ број 215/21 и согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови за отпад и Законот за управување со дополнителни текови на отпад, ТЕКСОМАК и долу наведенитте општини соработуваат на проекти од взаемен интерес со цел обезбедување собирни места и центри кои ќе бидат уредени на таков начин што ќе се овозможи крајните корисници да го оставаат отпадот од текстил и во случај кога превземањето на отпадот од текстил не е обезбедено, непосредно кај крајните корисници или кај последните доставувачи.
Двете договорни страни се обврзуваат на соодветен начин да ја информираат јавноста и крајните корисници за намената и целите од собирањето како и правилното постапување со отпадот од текстил, можностите бесплатно предавање и враќање, можностите за рециклирање и преработка на отпадот од текстил, како и за адресите за собирните места и центри во општинити каде што се врши собирање на отпадот од текстил.