И Ресен селектира тектстилен отпад - 11.03.2026

Во соработка со Општина Ресен во соработка со ЈКП „Пролетер“ , официјално го започнавме проектот „Селектирај текстил“. Главната цел на оваа иницијатива е правилно управување со текстилниот отпад, заштита на животната средина и поттикнување на хуманоста.

Како дел од почетните активности, беа одржани низа едукативни работилници со најмладите во градинките и основните училишта низ општината, каде децата се запознаа со важноста на рециклирањето. Изразуваме голема благодарност до персоналот на сите образовни институции за нивната поддршка и соработка.

Каде можете да го одложите вашиот текстилен отпад? Поставени се контејнери/пунктови на следните локации:

  • Градинка „11-ти Септември“ – Ресен

  • Градинка „Јаболче“ – Ресен

  • ОУ „Мите Богоевски“ – Ресен

  • ОУ „Гоце Делчев“ – Ресен

  • Подрачно ОУ „Мите Богоевски“ – Јанковец

  • ОУ „Браќа Миладиновци“ – Царев Двор

  • ОУ „Славејко Арсов“ – Подмочани

  • ОУ „Димитар Влахов“ – Љубојно

  • Административна зграда на ЈКП „Пролетер“ – Ресен

Важни насоки за граѓаните: За најефикасно искористување на собраниот текстил, ве молиме да се придржувате до следните препораки:

  1. За реупотреба (Донација): Облеката која е во добра состојба спакувајте ја во кеса или пакет. Ве молиме назначете на пакетот дека е за „Реупотреба“ и наведете ја намената (пр. машка облека за возраст од 10 год.). Овие пакети ќе бидат донирани таму каде што се најпотребни.

  2. За рециклирање: Текстилот кој не е во во возна состојба спакувајте го добро и одложете го без посебна назнака. Истиот ќе биде соодветно рециклиран.

Заеднички да свртиме нова страница за почист Ресен и Преспа!