„Рециклирај, креирај, блескај“ -
настан во Diamond Mall 17-18.05.2025

„Рециклирај, креирај, блескај“ – беше мотото на дводневниот едукативно-креативен настан организиран во Diamond Mall Скопје и Македонското Модно Здружение, посветен на најмалите со цел од најрана возраст да се поттикне свеста за реупотреба и рециклирање. ♻️✨

На 17 мај се одржаа три инспиративни работилници:
👗 „Стара облека, нов стил“ со Ирина Тошева
💍 „Работилница за DIY накит и модни додатоци“ со Доротеј Нешовски
🌸 „Мини природа во цветен аранжман“ со Јагода Пачемска

Преку креативна игра и работа со рацете, децата научија:
✅ дека старата облека не е „отпад“ туку ресурс кој може да се трансформира во нешто ново
✅ како да размислуваат одржливо и да го намалат непотребното фрлање
✅ дека и тие, иако мали, можат да направат голема разлика за животната средина

Нашиот Хипо беше таму и ги собираше старите парчиња облека за рециклирање, донација или повторна употреба 👕

Вториот ден, на 18 мај, беше резервиран за работилницата „Еко парада на стилови“, каде децата со помош на студентите од Технолошко-металуршкиот факултет УКИМ изработија уникатни парчиња облека од рециклирани материјали. A во меѓувреме, најновите трендови на фризура и шминка  учениците од СУГС „Димитар Влахов“ ги пренесоа на моделите кои се спреваа за мини модната ревија.

Во истото време се случување и консултација со модниот психолог Сара Стојчевска, која им помагаше на посетителите според карактерот да си го пронајдат својот стил.

Финалниот момент беше  мини модната ревија, каде што беа претстени креациите со голема гордост и самодоверба, а беше претходена од Танц Перформансот на Skill Factory 🎨👠

📚 Ова искуство не само што ги научи да создаваат, туку и да размислуваат критички за модата, потрошувачката и влијанието што го имаме врз планетата.

📍 Хипо останува во Diamond Mall – затоа не заборавајте да го посетите и да придонесете кон почиста и поодржлива иднина!