Тексомак ја продолжува соработката со Општина Аеродром, овој пат со организирање на едукативни работилници низ основните училишта и градинките низ општината. Во текот на неделата од 12-ти до 16-ти Maj бea посетени следниве градинки:
- ЈДГО „Срничка“ под која спаѓаат објектите „Калинка“, „Црвенкапа“, „Изворче“, „Лале“, „Чекорче“ и „Бамби“,
- ЈДГОА „Бубамара“ под која спаѓаат „Пчелка 1“, „Пчелка 2“, „Сонце“ и „Лавче“.
Од основните училишта беа посетени:
- ООУ „Блаже Конески“,
- ООУ „Лазо Ангеловски“,
- ООУ „Димитар Македонски“,
- ООУ „Љубен Лапе“,
- ООУ „Ѓорѓија Пулевски“,
- ООУ „Браќа Миладиновци“,
- ООУ „Гоце Делчев“,
- ПОУ „Гоце Делчев“,
- ООУ „Александар Македонски“.
Во изминатата недела децата научија колку штетно може да биде неодговорното фрлање текстилен отпад врз здравјето на нашата планета. Се запознаа со начините и местата каде што можат правилно да рециклираат, а низ целиот процес беа водени и нашиот пријател – контејнерот Хипо, кој собира стара облека, перници, постелнини, јоргани и друг непотребен текстил.
Децата и младите разбраа колку е важна реупотребата, а најважно, сфатија дека заедно сме посилни и поефикасни – грижата што секој од нас ќе ја покаже кон животната средина ќе биде огледало на тоа како ќе изгледа нашата иднина.
Потсетник: Големи контејнери за отстранување на текстилен отпад веќе се поставени низ целата општина на неколку локации: пред главните влезови на ООУ „Љубен Лапе“, ООУ „Браќа Миладиновци“, ООУ „Лазо Ангеловски“ и пред главните објекти на Бубамара и Срничка, исто на задниот влез на Капитол Мол-Рамстор.
Сликите се дел од атмосферата на работилниците во објектите на Срничка и Браќа Миладиновци.
👉 Приклучи се! Донирај стара облека! Заедно создаваме поздрава, поодржлива заедница!