Eко-настан во Велес – 11.12.2025

♻️ Зимска еко мисија – Велес селектира текстилен отпад ♻️

Вчеравечер, во Големата сала на Општина Велес, се одржа едукативно-креативен настан посветен на децата и младите, со цел подигнување на свеста за реупотреба и рециклирање на текстилниот отпад 👕🌍

Како колективен постапувач, Тексомак ги презентираше целите на проектот и испрати порака дека облеката не е отпад, туку ресурс кој може да добие нов живот ✨
Преку настапи, драматизации и презентации од децата и учениците, се испрати силна еко-порака за почиста околина и одговорно однесување кон текстилниот отпад 🌱

Во соработка со Општина Велес и ЈКП Дервен, веќе се поставени контејнери за текстилен отпад во дворовите на : ООУ Васил Главинов, ООУ Kирил и Методија,
ООУ Блаже Конески, ООУ Панко Брашнаров, СОУ Коле Неделковски, СОУ Гимназија Кочо Рацин , СОУ Димитрија Чуповски, Подрачно ОУ Лирија во с.Бузалково, Подрачното ОУ Рајко Жинзифов во с. Оризари , СОУ Јовче Тесличков.

👉 Ги повикуваме граѓаните текстилниот отпад да го одложуваат во наменските контејнери и заедно да придонесеме за поздрава и почиста животна средина ♻️💚