Тексомак во соработка со Селектирај отпад ја проширија постоечката соработка со Општина Валандово за собирање на отпад од домаќинствата, со воведување на селекција и на текстилен отпад.
Секој вид на отпад се селектира во посебна боја на ќеса, а виолетовите ќеси, заштитната боја на Тексомак, се наменети за текстилниот отпад. На голем дел од граѓаните на Валандово им е веќе добро познат процесот на селекција на отпад и користењето на апликацијата Селектирај отпад.
Апликацијата овозможува секое домаќинство да се мотивира за правилна селекција на отпадот: посебно собирање на пластика, хартија, лименки, а сега и најново – текстилен отпад. За секој правилно селектиран отпад следува бенефит и награди што ќе ги поттикнат граѓаните да продолжат со добрите навики.
Долго време учиме дека е важно да го селектираме отпадот. Но, не секој селектиран отпад може да биде рециклиран. Преку апликацијата Селектирај отпад, корисниците ќе го унапредат своето знаење за правилна селекција и ќе ја разберат сопствената улога во овој важен процес.
Прочитајте повеќе за апликацијата и како се користи на нивниот веб сајт или на социјалните мрежи: