♻ 🌍 🌸Тексомак и оваа пролет продолжува со еко акциите за собирање на текстилен отпад, овој пат во соработка со општина Демир Капија! Настанот беше одржан од 01.04 до 04.04 2025 година.👉 Првиот дел од оваа акција беше собирањето на текстилен отпад во општината од 1ви до 3ти април. Се собра голема колична на текстилен отпад, а кантите ќе останат во ЈКП Демир Капија со цел граѓаните да можат секојдневно да го одложуваат текстилниот отпад.
👉 Следниот чекор беше посветен на најмладите – на 4ти април организирани беа едукативни работилници за деца во ООУ „Димче Ангелов-Габерот“ и ЈОУДГ „Борис Трајковски“, каде што тие научија за значењето на рециклирањето и заштитата на природата уште од најрана возраст. Информирањето и едукацијата се клучни.👕👗
Тој ден контејнери беа поставени во училиштето, а додека пак во градинката беа поставени мали канти.
Секое парче облека раскажува приказна, но која е приказната на неговиот крај.
Не дозволувајте старата облека да заврши на депонија.
Придружете ни се во патувањето кон чиста животна средина и здрава иднина за следните поколенија!