Зошто да нѐ изберете нас?
Избери Тексомак – твојот сигурен партнер за текстилен отпад!
За производителите и трговците со текстил, изборот на вистинскиот колективен постапувач е клучен за исполнување на законските обврски, но и за градење на позитивен имиџ. Еве неколку причини зошто треба да нè изберете нас:
- Гарантирано исполнување на законските обврски: Ние гарантираме дека сите ваши законски обврски за управување со текстилен отпад ќе бидат целосно и ефикасно исполнети, со што Ви овозможуваме да се фокусирате на вашиот основен бизнис. Без грижа дека поради неодговорност на колективниот сте во ризик повторно да плаќате панали кон државата.
Поедноставена постапка и администрација: Нудиме едноставен и транспарентен процес на соработка. Пријавувањето на отпадот се врши онлајн преку нашата веб апликација за клиенти. Кликнете тука за регистрација на апликацијата.
Експертиза и искуство: Имаме долгогодишно искуство и стручен тим кој е специјализиран за управување со текстилен отпад. Соработувајќи со нас, добивате партнер кој е вистински експерт во својата област.
Без ризик– соработувате со колективен постапувач што работи легално и транспарентно
- Давате реален придонес за еко свеста во Македонија



Нашата посветеност на дело: Исполнети национални цели и докажан успех
Нашата посветеност кон одржливоста не е само на зборови, туку и на дело. Како колективен постапувач за текстил, ние не само што ги следиме националните регулативи, туку ги надминуваме поставените цели. Токму успехот во исполнувањето на овие цели е најдобриот доказ за нашата професионалност, ефикасност и посветеност на нашата мисија.
Остварените резултати од 2024 година за собраниот текстилен отпад од нашите клиенти тргвовци и производители, во име на законот за проширена одговорност и управување со различните типови на отпад, зборуваат за нас како колективен постапувач, но и за одговорноста на клиентите.
Пуштени текстилни парчиња во Р.Македонија за 2024 регистрирани од Тексомак – 3.247.437, односно 1406 тони, а националните цели за една година изнесуваат 1150 тони, поделени во 8 различни категории на текстил. Тексомак ги има надминато националните цели за 256 тони во 2024 година.
Националната цел за постапување со отпадот е 250 тони на годишно ниво, а Тексомак има постапено со 303 тони отпад, тоа се 53 тони повеќе од националната цел.
Над 65% од собраните средства според националните цели треба да одат во инвестирање во инфраструктура, Тексомак има инвестирано 69% во инфраструктура. Измеѓу 5 и 15% во медиуми, Тексомак има 11%.
Беџ за верификуван одговорен текстилен производител
Сите клиенти кои пријавуваат текстилен отпад кај нас се стекнуваат со Беџ.
Беџот симболично означува доказ дека сте одговорен текстилен производител и постапувате согласно законите, дека се грижите за животната средина и екологијата итн. Сите бенефити од беџот можете да ги прочитате тука, а листата на клиенти односно сите оние кои веќе се имаат стекнато со беџот можете да ја пронајдете тука.

Инвестирање во инфраструктура и одржување настани и едукации за подигање на еко свеста на народот
Најголемиот дел од средствата собрани преку данокот кој го плаќаат производителите и трговците се употребува за креирање инфратруктура која служи за собирање на текстилен отпад како и нејзина логистика. Потоа покревање на свеста на граѓаните за екологијата и рециклирањето преку едукации и настани.
Соработката со општините ни го овозможува сето ова за директно придонесување за заштита на животната средина и одржлив развој. Нашата цел е да изградиме систем кој ќе им овозможи на граѓаните полесно и поефикасно да се грижат за околината.
- Инвестирање во инфрастуктура – Поставување на контејнери за селектирање на отпад:
Во партнерство со општините со кои имаме склучено договор, поставени се посебни контејнери за селекција на текстил на различни места низ општините . Ова им овозможува на граѓаните полесно да го селектираат отпадот и да ја зголемат стапката на рециклирање и донирање на различните типови на отпад. Известувања за нови соработки и поставување на контејнери низ општините редовно објавуваме на нашиот блог и на нашите социјални мрежи.
Виолетовиот Хипо е нашата маскота по која сме препознатливи, па така сите наши контејнери и ќеси за собирање на текстилен отпад можете лесно да ги препознаете низ градот.
2. Одржување едукации низ училишта и градинки
Во партнерство со општините со кои имаме склучено договор, одржуваме едукации на децата во училишта и градинки од тие општини, за уште од најмала возраст да научат за важноста на реупотребата, рециклирањето, екологијата и природата. Сите минати едукакации можете да ги најдете на нашиот блог и на нашите социјални мрежи.
3. Одржување едукативни и забавни настани за сите генерации
Веруваме дека заштитата на природата може да биде забавна и инспиративна. Затоа, во партнерство со општините со кои имаме склучено договор, организираме интерактивни и забавни настани низ парковите и моловите.
Нашата цел е да им пристапиме на децата и младите на креативен и интересен начин. Преку игри, работилници и изложби, создаваме атмосфера каде што може да се ужива и истовремено да се научат важни лекции за:
Рециклирањето и како тоа може да стане забавна навика.
Повторната употреба на стари предмети преку креативни проекти.
Заштитата на природата и важноста на нашата околина.
Овие настани им даваат на децата можност да се забавуваат, да бидат креативни и да се дружат, додека истовремено ја развиваат својата еколошка свест.
Сите минати забавни настани можете да ги најдете на нашиот блог и на нашите социјални мрежи. Таму можете да видите како изгледаат нашите настани и колку радост и знаење споделуваме со најмладите.
Изберете нè нас, Тексомак, и станете дел од движењето за позелена и поодржлива иднина, транспарентно и без ризик. Заедно можеме да направиме вистинска разлика.
