Во соработка со Општина Ресен во соработка со ЈКП „Пролетер“ , официјално го започнавме проектот „Селектирај текстил“. Главната цел на оваа иницијатива е правилно управување со текстилниот отпад, заштита на животната средина и поттикнување на хуманоста.
Како дел од почетните активности, беа одржани низа едукативни работилници со најмладите во градинките и основните училишта низ општината, каде децата се запознаа со важноста на рециклирањето. Изразуваме голема благодарност до персоналот на сите образовни институции за нивната поддршка и соработка.
Каде можете да го одложите вашиот текстилен отпад? Поставени се контејнери/пунктови на следните локации:
Градинка „11-ти Септември“ – Ресен
Градинка „Јаболче“ – Ресен
ОУ „Мите Богоевски“ – Ресен
ОУ „Гоце Делчев“ – Ресен
Подрачно ОУ „Мите Богоевски“ – Јанковец
ОУ „Браќа Миладиновци“ – Царев Двор
ОУ „Славејко Арсов“ – Подмочани
ОУ „Димитар Влахов“ – Љубојно
Административна зграда на ЈКП „Пролетер“ – Ресен
Важни насоки за граѓаните: За најефикасно искористување на собраниот текстил, ве молиме да се придржувате до следните препораки:
За реупотреба (Донација): Облеката која е во добра состојба спакувајте ја во кеса или пакет. Ве молиме назначете на пакетот дека е за „Реупотреба“ и наведете ја намената (пр. машка облека за возраст од 10 год.). Овие пакети ќе бидат донирани таму каде што се најпотребни.
За рециклирање: Текстилот кој не е во во возна состојба спакувајте го добро и одложете го без посебна назнака. Истиот ќе биде соодветно рециклиран.
Заеднички да свртиме нова страница за почист Ресен и Преспа!