Соработка со општини

Согласно одредбите од член 42 став 4 од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови за отпад „Службен весник на РСМ“ број 215/21 и член 52 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад „Службен весник на РСМ“ број 215/21 и согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови за отпад и Законот за управување со дополнителни текови на отпад, ТЕКСОМАК и долунаведенитте општини соработуваат на проекти од взаемен интерес со цел обезбедување собирни места и центри кои ќе бидат уредени на таков начин што ќе се овозможи крајните корисници да го оставаат отпадот од текстил, a во случај кога преземањето на отпадот од текстил не е обезбедено, да се овозможи кај непосредно преземање кај крајните корисници или кај последните доставувачи.

Двете договорни страни се обврзуваат на соодветен начин да ја информираат јавноста и крајните корисници за намената и целите од собирањето како и правилното постапување со отпадот од текстил, можностите бесплатно предавање и враќање, можностите за рециклирање и преработка на отпадот од текстил, како и за адресите за собирните места и центри во општините каде што се врши собирање на отпадот од текстил.

Општина Босилово

Општина Прилеп

Општина Гази Баба

Општина Новаци

Општина Демир Капија

Општина Аеродром

Општина Крива Паланка

Општина Валандово