Успешен еко-настан во Прилеп – 21.06.2025

Во Парк Могила во Прилеп на 21.06.2025, реализиравме настан кој ги спои децата со еколошката свест и креативното изразување. Над 120 деца на возраст од 5 до 12 години ни се приклучија и секое од нив донесе полна ќеса стар текстил – благодарение на нивната посветеност, собравме еден голем контејнер полн со текстилен отпад – или 150кг! ♻️

Како дел од настанот, секое дете доби перниче за цртање, донирано од Сомниа Шоп. Перничињата беа основа за уметничко изразување на темата „Обој го својот сон“, а децата беа водени и инспирирани од креативниот тим на Арт Хост, кои несебично им помагаа во процесот на цртање и ги охрабруваа да се изразат на свој начин. 🎨

Нивните цртежи се не само креативни и шарени, туку носат силна порака за грижата кон животната средина.

🖼 Сите деца кои цртаа на перничиња автоматски учествуваат и во наградната игра, а највпечатливите 6 цртежи ќе бидат наградени со подароци и тоа 3 музички перници од Сомниа Шоп и 3 плишани играчки во форма на нашиот Хипо.

Извлекувањето ќе се одржи на 27ми Јуни, каде од сите цртежи објавени во коментар под постот на ФБ, нашиот тим ќе ги избере најкреативните.

💚 Огромна благодарност до сите деца и родители, како и до Сомниа Шоп и Арт Хост за нивната поддршка и соработка.

Настанот уште еднаш покажа дека кога се спојат креативноста, едукацијата и заедништвото – добиваме вистинска промена!