Есенска акција – едукација на најмладите

Дали се прашувате што да направите со облеката што децата повеќе не ја носат? Плакарот е преполн со парчиња кои им станале мали, а веќе немате простор за новите алишта? Понекогаш е неопходно да се ослободиме од старото за да направиме место за новото, и најдобриот начин да го направиме тоа е преку донирање и рециклирање на текстилните производи.

Оваа есен, ги поттикнуваме децата да учествуваат во специјална акција!

Во нивните училишта ќе се постават контејнери каде што децата ќе можат да ја оставаат облеката што повеќе не ја носат – маички, панталони, јакни, шалови, но и стари, перници, јоргани и пешкири.

Нашиот „Хипо“ контејнер е совршено решение за собирање на сите тие текстилни парчиња, а со тоа децата ќе научат како со мал гест можат да придонесат за заштита на околината.

Со оваа акција, не само што ќе се ослободи домот од непотребната облека, туку ќе се поттикне и свеста за рециклирање, што е од исклучителна важност за животната средина. Децата ќе се вклучат во вистинска мисија за почиста иднина!

Кога? 26.09 – 04.10.2024
Каде?  Градинки и основни училишта Прилеп