Во саботата, на 20 декември, Охрид беше дел од нашата заедничка Еко Мисија за подигање на свеста за правилно селектирање и одговорно постапување со текстилниот отпад.
Со голема поддршка од граѓаните и Охрид Мол , собравме значајна количина стар текстил , испративме јасна порака за реупотребата на текстилот преку преработка во уникатни производи и дека малите чекори прават голема разлика за животната средина. 💚
Ви благодариме на сите што се вклучија и покажаа дека Охрид знае да мисли еколошки. Продолжуваме заедно кон почиста и поодржлива иднина. 🌍✨