Акција Прилеп - 05.10 - 08.10.2024

Од 05.10 до 08.10 Тексомак во соработка со Општина Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп и SALAR International организираше есенска акција за подигнување на свеста за текстилниот отпад и почиста животна средина. Настанот, кој траеше 4 дена пред камената бина на плоштадот Александрија во Прилеп, беше дел од есенската еколошка акција која Тексомак ја организира со цел подигнување на еколошката свест на граѓаните и собирање на текстилниот отпад наменет за рециклирање. Беа поставени големи и мали Хипо контејнери кои собраа, во текот на сите денови, еден тон текстилен отпад!
Настанот беше проследен со музичка програма, како и работилници за текстил и изложба на креациите, а собраните средства беа донирани во паралелките за деца со посебни потреби во ООУ „Климент Охридски“.
Тексомак во соработка со Оптштина Прилеп, во наредниот период ќе постави контејнери за рециклирање на 15 локации низ градот за кои граѓаните ќе бидат дополнително известени.
По завршувањето на настанот, пријателите на Тексомак: Комфи Ангел, Тритекс, Кули, Хатра, Тила и Гатекс им поделија подароци на граѓаните кои учествуваа и донесоа текстилен отпад.
Тексомак во наредниот период продолжува со организирање еко-настани во соработка со општините низ цела Македонија!