Се прашувате што ли ќе правите со сета облека која не ви е повеќе потребна? Купишта текстил што го оптеретуваат вашиот плакар и, конечно, целиот ваш дом? На сите ни е неопходно е одвреме-навреме да се ослободиме од старото за да направиме место за нови продукти. Најдобриот начин за тоа е преку рециклирање на облеката и, генерално, на сите текстилни продукти кои не ни се повеќе потребни. Затоа, сега е идеален миг за есенска „чистка“, а ние го имаме решението за целиот ваш непотребен текстил! Нашиот контејнер Хипо може да собере сè: фармерки, џемпери, шалови, јоргани и сите останати видови на текстилни производи. Па така, освен што ќе направите „чистка“ со која ќе го ослободите вашиот дом, истовремено покажувате грижа кон животната средина во која рециклирањето текстилен отпад е прашање од исклучителна важност.