Нови начини на селектирање на текстилен отпад во Прилеп

Редовни локации за селектирање текстилен отпад во Прилеп:
1. Пред продавницата на Сомниа Шоп, во Комфи Ангел
2. Кај терминалот во просториите на ЈКП Комуналец

Дополнително, покрај редновните локации за селектирање текстилен отпад во Прилеп, изработивме нова апликација – “Тексомак апликација за домаќинства и институции“ ♻🌳👚

Целта на апликацијата е корисниците да се регистрираат и да го пријавуваат текстилниот отпад преку истата, а еднаш во месецот Тексомак ќе организира подигање на отпадот од вашето домаќинство или институција!

❗ Напомена: За почеток оваа апликација е наменета само за корисници од Општина Прилеп, но со повисока цел да се прошири употребата низ сите општини во државата.

Водич за користење на апликацијата:

1. Корисникот влегува во апликацијата преку веб страната на teksomak.mk, во менито горе десно го наоѓа копчето “Aпликација за домаќинства и институции”.

https://reports.teksomak.mk/login 

2. Се најавува доколку има креирано профил или се регистрира на апликацијата доколку сеуште нема креирано профил.

3. После најавата/регистрацијата се појавува главното мени и се избира “Нов извештај”.

4. За да се креира извештај потребно е да се додаде локација од која сака корисникот да биде превземен текстилниот отпад. Се клика на копчето +Додади локација

5. Се отвара екранот од каде можеме да додадеме локации. Има можност за додавање повеќе локации доколку еден корисник има повеќе станови или објекти, кои ќе може да ги менаџира од еден профил.

6. Продолжува со поднесување на извештајот (потребно е да се прикачи слика како доказ) и минимум 5кг текстилен отпад , за да му биде доделено собирање.

7. После поднесувањето на извештајот му се појавува следниот екран, од каде ќе може да го следи статусот на подигањето и кој собирач му е доделен