Едукативни работилници во основни училишта и градинки - Општина Гази Баба - 05.11-15.11.2024

Акцијата на Тексомак за подигнување на свеста за рециклирање на текстилниот отпад, се претвори во вистинска едукативна турнеа низ училиштата и градинките во Општината Гази Баба. Ги посетивме: ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „25 Мај“, ООУ „Наум Наумовски – Борче“, ООУ „Крум Тошев“, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Стив Наумов“, ООУ „Вера Јоциќ“, ООУ „Кирил и Методиј“, како и градинките: „Сонце“, „Синоличка“, „Пеперутка“, „Искра“, „Детелинка“, „Пони“, „Морковче“, ЈУДГ „Детска Радост“ – Мимоза, ЈУДГ „Детска Радост“ – Калинка, ЈУДГ „Детска Радост“ – Темјанушка и ЈУДГ „Детска Радост – Сончоглед.

Запознавме прекрасни деца и млади кои си ја сакаат и се грижат за својата околина. Заедно научивме колку неодговорното фрлање текстилен отпад може да биде опасно и ризично по здравјето на нашата планета. Научивме како и каде може да рециклираме, а покрај нас постојано беше нашиот пријател – контејнерот Хипо кој може да собере стари перници, постелнини, јоргани и други непотребни текстилни материјали.

Покрај тоа, имавме креативни работилници каде што од старите текстилни материјали создававме нови производи. Така, децата и младите освен што научија колку е важен процесот на реупотреба на непотребниот текстил – создадоа вистински уметнички дела кои се веднаш подготвени за нова употреба. Најважно, научивме дека заедно сме посилни и поефективни – грижата кон животната средина што ја покажува секој од нас ќе биде одраз на тоа како ќе изгледа нашата иднина.