Нашата мисија за подобра и почиста животна средина продолжува, со посебен акцент на свесноста за текстилниот отпад. Овојпат го посетивме ЈОУДГ „Среќни насмевки“ – Босилово и ОУ „Гоце Делчев“ – Босилово, каде го продолживме нашиот караван на едукативни работилници. Заедно со децата учевме како можеме да придонесеме кон заштита на животната средина. Покрај веселите активности и детските насмевки, научивме:
- како правилно да се ослободиме од непотребниот текстил и облека,
- колку текстилниот отпад штети на околината,
- и колку е значаен секој поединечен придонес за заштита на планетата.
Во завршниот дел на настанот, организиравме собирање текстилен отпад во центарот на селото и собравме 1520 кг, докажувајќи дека сите заедно можеме да дејствуваме одговорно. Дополнително, на неколку локации низ општината ќе бидат поставувани специјални контејнери за рециклирање текстил секој втор четврток, со цел да се поттикне правилното управување со отпадот и заштитата на животната средина.