Текстилна еко акција во Општина Крива Паланка

Тексомак со гордост ја започна соработката со Општина Крива Паланка на 11.04.2025.

Под мотото „Твојата стара облека – нова шанса за природата“, заедно со Оптшина Крива Паланка воспоставивме систем за селекција и рециклажа на текстил кој има за цел не само да го намали количеството отпад, туку и да поттикне општествена одговорност и хуманост.

🎯 Во рамки на оваа соработка, реализиравме повеќе значајни активности:
✅ Поставивме специјални контејнери за текстилен отпад на различни локации низ градот. За почеток, овие контејнери се мобилни и ќе ја менуваат локацијата секоја недела – со цел да бидат подостапни за што поголем број граѓани.
✅ Организиравме едукативни работилници во училиштата СОУ „Ѓорче Петров“, ООУ „Илинден“, ООУ „Јоаким Крчоски“ и градинката „Детелинка“, каде што со најмладите разговаравме за важноста на зачувувањето на животната средина и вредноста на текстилната повторна употреба.
✅ Спроведовме акција за собирање на стара облека, при што текстилот што сè уште може да се носи ќе биде дониран на луѓе во потреба, додека оштетениот ќе оди во процес на рециклажа – придонесувајќи за развој на циркуларна економија.
✅ Организиравме работна средба со текстилните компании од Крива Паланка, со кои разменивме идеи и договоривме начини за подобра логистика и обработка на текстилниот отпад.

💚 За нас во Тексомак, оваа иницијатива претставува уште еден важен чекор во насока на одржлива иднина. Веруваме дека само преку соработка меѓу институциите, бизнисите и граѓаните можеме да направиме вистинска промена.

🌿 Природата нема алтернатива – да ја зачуваме заедно.
👉 Приклучи се! Донирај стара облека! Заедно создаваме поздрава, поодржлива заедница!